Search

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ на средба со Сарацин ја потенцираше важноста за реформските процеси

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски и пратениците и членови на ИК Марија Митева и Антонијо Милошоски оствари средба со специјалниот претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

Во духот на одличната соработка беше и оваа средба во која се потенцираше важноста за реформските процеси како и можностите за продлабочување на соработката помеѓу Македонија и Германија.

Претседателот Мицкоски истакна дека новиот пратенички состав и идната влада ќе биде силно посветена на реформи и трансформација на Македонија.

Треба да знаете
Последни објави