Search

Вучиќ повикот од министерот Конаковиќ да ја посети Сребреница го нарече „покана за убиство“

Претседателот на Србија Александар Вучиќ на ТВ Хепи во емисијата „Ќирилица“ меѓу другото зборуваше и за интервјуто на Елмедин Конаковиќ, министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина.
– Го прочитав, не можев да го гледам. Тоа за главните херои е непотребно, главен херој беше нашата земја која успеа да се спротивстави на притисоците и која успеа да направи не само респектабилен, туку во такви услови речиси невозможен резултат при изјаснувањето на резолуцијата за Сребреница во ОН – рече српскиот претседател. Вучиќ укажа на фактот дека за се го обвинуваат него, дека се толку нервозни што Конаковиќ си дозволил дури да повика и на неговото убиство.
– Би го поделил на 3 дела. Првата е онаа во која можеше да се види дека се е крив Вучиќ, што е ок. Уште една многу важна работа – тие се толку нервозни поради резултатот од неочекуваното, што тој си дозволи денес де факто да повика на мое убиство. Рече „Вучиќ може да се обвие или не со тоа знаме“, ок, му пречи и знамето на Србија, да дојде во Сребреница или во Обединети нации. Еднаш претходно бев во Сребреница на 11 јули во 2015. Ја наведнав главата пред споменикот, но не пред камењата и шишињата фрлени кон мене, рече Вучиќ и додаде.
– Му благодарам што ме покани да бидам убиен. Ако одговорам на поканата, знајте дека за моето убиство е виновен Елмедин Конаковиќ – рече претседателот Вучиќ.

Треба да знаете
Последни објави