Африм Гаши избран за претседател на Собранието, заклетвата ја даде на албански јазик

Пратеникот од редовите на Алтернатива, Африм Гаши пред малку со 76 гласа За беше избран за нов претседател на Собранието.

Гаши свечената заклетва ја даде прво на албански јазик, а дури потоа на македонски јазик.

Претходно во расправата за предлогот Гаши да биде избран за претседател на Собранието, збор земаа само пратениците од политичката партија Левица.

Со денешната конститутивна седница започнува да тече мандатот на новиот парламентарен состав кој трае четири години.

Треба да знаете
Последни објави