Search

Анчелоти најави заминување во пензија од редовите на Реал Мадрид

Карло Анчелоти, неочекувано, зборувајќи пред медиумите во очекување на саботното финалето од фудбалската Лига на шампионите против Борусија Дортмунд на „Вембли“, најави заминување во пензија од редовите на Реал Мадрид со кого има договор до 2026 година. Анчелоти истакна дека воопшто после Реал Мадрид не планира преземање на клуб или репрезентација, но сака и тоа како со „кралевите“ да дојде до уште една титула. Анчелоти четири пати ја има освено Лигата на шампионите, по два пати со Реал и со Милан -Ќе се збогувам од фудбалот како тренер на Реал Мадрид. Но, најпрво сакам да освојам уште една титула во Лигата на шампионите – истакна јасно Анчелоти. Притоа, не сакајќи да ги коментира новонајавените засилување на Реал Мадрид. -Килијан Мбапе? Ги коментирам само играчите кои се мои, а тие и тоа како се добри играчи. Винисиус од ден на ден е се подобар, Џуд Белингам веднаш разбра што значи да се игра за Реал. Затоа се толку вредни за тимот – рече Анчелоти.

Треба да знаете
Последни објави