Search

Револуционерно откритие: Лекари за првпат излечиле дијабетес на пациент со матични клетки

Истражувачите во Кина тврдат дека излечиле дијабетес. Пациентот, 59-годишен маж, доби пионерска трансплантација на матични клетки во 2021 година и е без лекови од 2022 година.

Експерименталниот третман вклучувал создавање на вештачка верзија на клетки пронајдени во панкреасот кои произведуваат инсулин и го одржуваат нивото на шеќер во крвта под контрола.

Пациентот 25 години боледувал од дијабетес тип 2 и ја изгубил речиси целата функција на овие клетки.

Тој беше во смртна опасност бидејќи му требаа повеќекратни дневни инјекции на инсулин за да го спречат да западне во дијабетична кома.

Досега никој никогаш не бил „излечен“ од дијабетес, но пациентите морале да бидат на диета и лекови за да го задржат шеќерот под контрола, но лекарите тврдат дека успеале да ја вратат способноста на телото природно да го регулира шеќерот во крвта, и дека пациентот не го менува  животен стил.

Во третманот користеле матични клетки, кои можат да се претворат во мозочно, мускулно, бубрежно, па дури и ткиво на панкреас, как што е направено во конкретниот случај, пишува Дејли Мејл.

Овие клетки произведуваат инсулин, кој му кажува на телото кога да го повлече шеќерот од храната што ја јадеме за енергија.

Кај дијабетичарите, панкреасот не произведува доволно инсулин за да го регулира шеќерот во крвта. Премногу или премалку шеќер во крвта може да предизвика оштетување на нервите, оштетување на бубрезите, срцеви заболувања и многу повеќе.

Со имплантација на нови, лабораториски создадени клетки кои можат да произведат инсулин, пациентот би можел повторно да почне да произведува сопствен инсулин, заклучија истражувачите.

– Оваа студија претставува важен напредок во областа на клеточната терапија за дијабетес, изјави за South China Morning Post, Тимоти Кифер, професор на Универзитетот во Британска Колумбија во Канада.

Иако ова откритие е охрабрувачко, потребни се уште многу испитувања пред да се одобри како метод на лекување. Во моментов, конвертирањето на матични клетки во функционални клетки на панкреасот е исклучително сложено, одзема многу време и е скапо. Научниците ќе мора да најдат поедноставен процес за да го направат тоа изводливо за повеќето луѓе.

Студијата е резултат на три институции со седиште во Шангај – болницата Шангај Чангџенг, Центарот за извонредност во науката за молекуларните клетки при Кинеската академија на науките и болницата Ренџи.

Во иднина, смета професорот Кифер, оваа терапија може „да ги ослободи пациентите од хронични лекови, да го подобри здравјето и квалитетот на животот и да ги намали трошоците за здравствена заштита“.

Треба да знаете
Последни објави