Search

Мицкоски: Левица се однесува како група џанаци

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред почетокот на денешната седница за конституирање на новиот состав на Собранието изјави дека ја очекува поддршката на сите оние што застанале зад кандидатурата на Африм Гаши од Алтернатива да биде новиот претседател на законодавниот дом.

„Па очекувам од сите оние што се потпишани зад поддршката Африм Гаши да биде претседател на парламентот“рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа од кого очекува поддршка за конституирање на новиот парламентарен состав.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој како носител на листата за пратеници во изборната единица 1 на коалицијата „Твоја Македонија“ обезбеди пратеничко место, остро одговори на изјавата на лидерот на Левица Димитар Апасиев, кој во изјава за медиумите пред него рече дека тие даваат бланко поддршка само Албанец да не биде претседател на Собранието.

Прашан за коментар во врска со изјавата на Апасиев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и извесен иден мандатар за состав на идната влада одговори:

„Уф, треба ли да го коментираме Димитар Апасиев. Димитар Апасиев пред изборите имаше бланко понуда од ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи и да застане на страната на македонското национално единство. Тој одлучи повеќе да се посвети на правењето планови каде ова лето ќе ужива, дали на Хургада или на некоја друга грчка плажа. И како што еден од неговите поранешни сопартијци вели дека тие биле група на џанаци, така продолжува и да се однесува“,

Инаку, Апасиев прашаш околу поддршката од Левица ако Африм Гаши биде избран за претседател на Собранието, рече дека шесте пратеници на Левица би дале бланко поддршка на ВМРО-ДПМНЕ само да не биде „повторно косовизиран македонскиот парламент“.

Треба да знаете
Последни објави