Search

Сообраќајна несреќа во Турција: Десет загинати, над 30 повредени

Најмалку десет лица загинаа, а 39 се повредени во судир на автобус и автомобил на југот на Турција, соопштено е денеска.

Доцна синоќа во провинцијата Мерсин, автобус преминал на спротивната лента при силен дожд и удрил во два автомобили и еден камион.

Повредените се итно пренесени во блиските болници, а најмалку осум од нив се во тешка состојба.

Во меѓуградскиот автобус, кој сообраќал меѓу Дијарбакир и Адана, имало 28 патници.

Треба да знаете
Последни објави