Search

Престрелка меѓу египетската и израелската војска, убиен еден војник

Денес имало размена на оган меѓу израелските војници и египетските сили во близина на граничниот премин Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, пишува Тајмс оф Израел.

Според првичните информации, во инцидентот загинал египетски војник. Меѓу израелските сили нема жртви.

Израелските одбранбени сили потврдија дека се во контакт со Египет по „инцидентот“.

„Пред неколку часа имаше инцидент и пукање на границата со Египет. Инцидентот е под истрага, дијалогот е во тек со египетската страна“, соопшти ИДФ.

Треба да знаете
Последни објави