Search

Пејачот убиен синоќа, се верил пред само неколку дена

Излегуваат нови детали за познатиот пејач и блогер од Скопје Амар Исмани кој синоќа пред полноќ беше убиен на „Пластичарска улица“ објавуваат медиумите во Албанија каде младиот музичар исто така бил популарен.

Пејачот, кој кратко по престрелката им подлегна на повредите, наводно се верил пред неколку дена.

Непосредно пред да биде убиен, тој на „Инстаграм“ објави фотографија со својата партнерка од свршувачката.

Исто така на 25 април објави неколку слики на кои покажа дека ја запросил својата девојка.

„Сѐ што ми треба во овој живот сме јас и мојата девојка“, напиша тој.

Сѐ уште не се познати причините за престрелката во Скопје, во која трагично заврши животот на 29-годишникот од Скопје.

Во престрелката учествувале неколку лица, а повредени се двајца. Полицијата трага по сторителите.

Погребот на Амар Исмани е денеска на муслиманските гробишта во Бутел. (СП)

Треба да знаете
Последни објави