Search

Петровска: Не можете да водите политика водени од лични емоции

Kога стапувате на некоја должност, не можете да водите политика водени од лични емоции или лични ставови, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во емисијата Топ тема.

„Јас се сложувам дека процесот низ којшто помина Република Северна Македонија, нашата држава Македонија, беше навистина многу тежок и беше мачен процес. И тој процес мислам дека сите ние, без разлика дали сме биле во тој период на одредени политички позиции, дали сме биле дел од извршната власт, собранието или како граѓани, сме го доживеале навистина тешко. но, таа одлука била донесена, Република Северна Македонија преземала и меѓународни обврски, меѓутоа и преземала домашни обврски врз основа на Преспанскиот договор, кои понатаму како држава сме должни да ги почитуваме“ рече Петровска во реплика кон пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Кога сме на одредени позиции, додаде таа, ние сме претставници на државата и како такви треба да се однесуваме.

Петровска во емисијата рече дека денеска бил нејзиниот последен ден како министерка за одбрана.

Треба да знаете
Последни објави