Search

Паника во летот од Цирих кон Скопје принудно вратен назад во авионот удрил гром

Одбојкарската репрезентација на Македонија денеска се соочила со непријатна ситуација, бидејќи при летот од Цирих кон Скопје во авионот удрил гром, објави Екипа.

Поради ова, пилотот решил веднаш да се врати назад во Цирих каде принудно слетал. Нашите одбојкари се сместени во хотел и утре наутро со нов лет ќе тргнат кон Скопје.

,,Навистина неверојатна ситуација, додека летавме со авионот удри гром во него и пилотот реши да се врати во Цирих. Не беше пријатно кога слушнавме што се случи, видовме силна светлина во непосредна близина“, вели за ЕКИПА капитенот Никола Ѓоргиев.

Треба да знаете
Последни објави