Search

Надзорните камери на трговскиот центар во Харков го снимија моментот на нападот, 16 мртви

Бројот на загинати во рускиот напад на специјализиран трговски центар со градежни производи во Харков се искачи на 16. Меѓу жртвите има и 12-годишно дете. Повредени се 44 лица, од кои 14 жени, а 30 мажи.

Олех Синехубов, шеф на воената управа на регионот Харков, изјави дека се идентификувани телата на 14 загинати лица. Тој додаде дека биле пронајдени фрагменти од две тела кои допрва треба да се идентификуваат. Уште осум лица се сметаат за исчезнати.

Нападот се случил во саботата попладне и предизвикал огромен пожар. На пожарникарите им биле потребни повеќе од 16 часа за да го изгаснат пожарот. Националната полиција на Украина објави видео кое го овековечува моментот на рускиот напад. На видеото се гледаат луѓето како лежерно се движат низ продавницата, пред да следи силна експлозија.

„Видеото на кое во моментов работат истражителите го покажува моментот на ударот. Ова јасно покажува дека луѓето биле целосно неподготвени за таков напад. Тие биле на нивните работни места и се занимавале со својата работа. Сега ја анализираме секоја минута од снимката од надзорната камера“, истакна Синехубов.

Треба да знаете
Последни објави