Search

Маск лесно собра 6 милијарди за својот стартап

Стартапот за вештачка интелигенција xAI на Илон Маск објави дека собрал 6 милијарди долари во кругот на финансирање од Серија Б, во кој стартапот влегува во фаза на забрзан раст или скалирање.

Во финансирањето, меѓу другото, учествуваат фондовите „Valor Equity Partners“, „Andreesen Horowitz“, „Sequioa Capital“ и саудискиот милијардер Ел Валид бин Талал.

Компанијата „xAI“ постигна значителен напредок во изминатата година, во ноември го објави четботот Грок, а постепено ги објави и неговите подобрени верзии, се наведува на веб-страницата „xAI“.

Компанијата на Маск има намера да ги искористи собраните средства за пласирање на своите производи на пазарот, изградба на напредна инфраструктура и забрзување на развојот на идните технологии, се посочува на блогот на компанијата.

Треба да знаете
Последни објави