Search

Конференција „Разговори со Ѓорѓи Марјановиќ“

Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ” и Правниот факултет „Јустинијан Први” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје организираат конференција за одбележување 85 години од раѓањето на професор Ѓорѓи Марјановиќ.

Конференцијата е насловена како „Разговори со Ѓорѓи Марјановиќ” и ќе се одржи на 28 мај 2024 со почеток во 12 часот на Правниот факултет „Јустинијан Први”. Тема на конференцијата е Како Македонија може да стане пристојно место за живеење.

Конференцијата ќе ја отворат професор д-р Сашо Георгиевски, декан на факултетот и Александар Марјановиќ, директор на фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ”.

На настанот свои обраќања ќе имаат: 

·       Гордана Силјановска Давкова, претседателка на Република Северна Македонија

·       Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи на Република Северна Македонија

·       Никица Мојсоска Блажевски, извршен директор на Македонија 2025

·       Бранко Геровски, новинар

На овој настан ќе бидат промовирани книгите „Собрани стручни трудови” од Ѓорѓи Марјановиќ и Разговори со професорот Ѓорѓи Марјановиќ од Бранко Секуловски. Промотори на книгите ќе бидат Гордан Калајџиев и Владимир Петрушевски Фили.

Треба да знаете
Последни објави