Search

Дете (4) паднало во казан со гулаш во Србија, веднаш пренесено во болница

Четиригодишно дете паднало во казан со гулаш вчера во Србија. Се се случило за време на „гулашијада“ во војводинското село Баранда.

Детето со брзата реакција на полицијата било извлечено од казанот и потоа било префрлено во болница во Белград. Според неофицијални информации, детето е на интензивна нега и е надвор од животна опасност.

Нова.рс пишува дека до несреќата дошло кога дете кое возело велосипед удрило во дрвен столб кој го оградувал просторот каде што се варел гулашот и се одржувал собирот. Детето тогаш од силината на ударот паднало во казанот.

Треба да знаете
Последни објави