Search

Бендевска: Преговорите меѓу ЗНАМ и ВМРО ДПМНЕ се во финална фаза

Преговорите меѓу Движењето ЗНАМ за наша Македонија и ВМРО-ДПМНЕ која ја предводи коалицијата „Твоја Македонија“ која освои најмногу пратенички мандати на неодамнешните парламентарните избори се во финална фаза, потврди Весна Бендевска потпретседателката на ЗНАМ која е дел од преговарачкиот тим, при гостувањето на Сител. – Преговорите официјално ги започнавме во саботата, ја известивме јавноста бидејќи ветивме дека ќе известуваме транспарентно за преговарачкиот процес, но во краток период, условно да кажам, веќе можеме да кажеме дека во очи на утрешната собраниска конститутивна седница преговорите меѓу  Движењето ЗНАМ за наша Македонија и ВМРО-ДПМНЕ се во крајна финална фаза, рече Бендевска. На забелешката дека ЗНАМ ќе ги добие ресорите администрација и правда, Бендевска возврати дека не разговарале конкретно за ресори, туку за придонес од платформските и политичките начела.

Треба да знаете
Последни објави