Search

Во вторник во Египет продолжуваат преговорите меѓу Хамас и Израел

Разговорите меѓу Израел и милитантната група Хамас за прекин на огнот и ослободување на заложниците ќе продолжат во вторник во Каиро, изјави неименуван египетски функционер за Си-Ен-Ен.

Се додава дека овие наводи биле потврдени од израелски функционер, без да се прецизира датумот и местото. Воениот кабинет на Израел ќе се состане денеска, а една од темите на разговор ќе бидат преговорите за ослободување на заложниците, пренесува Тајмс оф Израел

Средбата доаѓа по вчерашните наводи дека е постигнат договор за обновување на преговорите меѓу Хамас и Израел кои пропаднаа минатиот месец.

Треба да знаете
Последни објави