Search

Што мириса во хирушките сали ќе истражува скопското Обвинителство

Претставник на Министерството за здравство бил сослушан во скопското Обивнителство, а по него според неофицијални информации следуваат директорите на хирушките клиники. По собраните искази и докази обвинител ќе процени дали постои основа да поведе постапка и против кого во врска со информациите дека само во три сали во комплексот клиники „Мајка Тереза„ во моментов се извршуваат исклучително итни операции. Останатите сали веќе 7-ми ден се затворени, поради ширеење на непријатна миризба. Вработените и натаму не знаат кога салите ќе се вратат во функција, а од Министреството за здравство одговор нема. Министерот Демири најави прес конференција за в понеделник. Пацинетите кои не се третираат како итни слуачи се препраќаат во другите здравствени установи.

Треба да знаете
Последни објави