Трета титула за Руд во Женева

Норвежанецот Каспер Руд е победник на тенискиот АТП турнир во Женева, од серијата 250. Во финалето Руд го совлада Чехот Томас Махач 2:0 ( 7:5 и 6:3). За Руд ова е трет пехар во Женева, вкупно 12 во кариерата со што најави дека подготвен го чека настапот на Ролан Гарос. Првиот носител и главен фаворит на турнирот во Женева, Србионот Новак Ѓоковиќ беше поразен во полуфиналето од Махач.

Треба да знаете
Последни објави