Search

Молк од вилата „Водно“ во чие име претседателката Сиљановска-Давкова постави венец на спомен плочата на Кирил и Методиј

Молк од вилата „Водно“ по новиот гаф на новоизбраната претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова на нејзиното прво излегување од државата по повод одбележувањето на ликот и делото на словенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј во Рим. Постави венец на кое беше испишано: „Претеседател Гордана Сиљановска – Давкова“. Нема одговор од претседателскиот кабинет на бројните реакции по социјалните мрежи, која тоа држава претседателката Силјановска Давкова ја претставувала вчера и во чие име го положила венецот цвеќе пред гробот на Св. Кирил и пред плочата на македонски јазик во чест на Светите браќа Кирил и Методиј, во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим.

Треба да знаете
Последни објави