Search

Мначестер јунајтед си ја спаси сезоната со триумф во ФА Купот против градскиот ривал Сити

Манчестер јунајтед го освои ФА Купот, најстарото национално фудбалско натпреварување во светотот, откако во финалето на „Вембли“ во Лондон го совладаа градскиот ривал Манчестер сити со 2:1. Стрелци за Јунајтед беа Гарначо во 30 минута и Коби Мејну во 39 минута, додека замената Џереми Доку беше стрелец за Сити во 87 минута. Ова е 13. титула ФА-титула за „црвените ѓаволи“ во клупската историја, прва по пауза од осум години, со која спасија турбулентната сезона која ја завршија на осмата позиција во Премиер лигата. Покрај тоа Манчестер јунајтед си обезбеди пласман во Лигата Европа. Херои на Јунајтед на денешниот натпревар беа тинејџерите Алехандро Гарначо и Коби Мејно. Двајцата постигнаа по еден гол во првото полувреме, па по 45 минути игра, на семафорот стоеше изненадувачки 2;0. Виновник за првиот гол беше Јошко Гвардиол кој не забележа дека голманот на неговиот тим е излезен и се обиде да го проигра со глава, а со тоа всушност го лобуваше и му овозможи на Гарначо да ја затресе празната мрежа. За вториот гол, заслуга има речиси цела екипа која изведе извонредна акција кој со погодок ја круниса Мејно. Сити ја имаше контролата над играта, но ретко успеваше да го пробие ѕидот на противничката половина, а со тоа и да го загрозат Онана. Камерунецот се истакна со неколку одбрани и во вториот дел, но во 87. минута направи голем кикс по кој Доку намали на 1:2. Јунајтед го освои вториот трофеј под водство на тренерпот Ерик Тен Хаг, по ланскиот во Лига купот. Сити кој лани ја освои тројната круба, сезонава го одбрани само трофејот во Премиер лигата.

Треба да знаете
Последни објави