Search

МЗТ Скопје е старо нов-шампион во мак-баскетот

МЗТ Скопје ја освои петтата последовна титула во мак-баскетото, 11. вкупно во клупската историја. Финалната серија МЗТ Скопје против Пелистер ја доби со максимални 3:0 во победи, откако вечерва во Битола славеше со 78:67. Првите два триумфи во серијата кој прв до три победи МЗТ Скопје ги оствари на домашен терен. Пелистер се обиде да ја продолжи серијата, да се избори и за четврти натпревар, но кошаракарите на Радуловиќ имаа сила да му се спротивстават на шампионот само 24 минути. По релативното израмнето прво полувреме, Пелистер во 23.минута ја стекна највисоката предност 50:43 и тука застана. МЗТ одговри со серија 11:0, минусот го претвори во плус од четири поени. Во последната четвртина МЗТ му дозволи на Пелостер само два поени во првите шест минути игра, а кога Баковиќ со две тројки ја крена разликата на 16 поени беше јасно дека МЗТ ќе ја одбрани титулата. Најефикасни во тимот на МЗТ беа Баковиќ и Гилон со по 15 поени, 11 кошеви постигнаа Делалиќ и Петков. Кај Пелистер најефикасни беа Мијовиќ и Костоски со по 19 поени.

Треба да знаете
Последни објави