Search

АБА го потврди вклучувањето на кошаркарскиот клуб Дубаи

Кошаркарскиот клуб Дубаи од следната сезона официјално ќе биде член на АБА лигата, потврди раководството на регионалното натпреварување.
Од АБА лигата изјавија дека потпишан е повеќегодишен договор со Дубаи.
„На тој начин се дефинираат сите клучни елементи на идната спортска и деловна соработка, почнувајќи од учеството на Дубаи во АБА лигата од сезоната 2024/25“, се наведува во соопштението.
Директорот на Лигата, Дубравко Кметовиќ, изјави дека приклучувањето на Дубаи во АБА лигата на многу начини е специфичен спортски и деловен проект.
Тој додаде дека клубовите ова го препознале како идеална можност да постигнат две цели – да го зголемат квалитетот на натпреварувањето и да ја отворат вратата за нов пазар.
„Со нетрпение очекуваме да бидеме домаќини на АБА лигата овде во Дубаи, во Кока-Кола арената, каде што љубителите на кошарката ќе можат да уживаат во врвно искуство. Им благодарам на раководството на АБА лигата и на клубовите од сè срце за нивната соработка и посветеност да ја донесеме АБА лигата во нашиот град“, изјави претседателот на Дубаи, Абдула Сеид Ал Набодах.

Треба да знаете
Последни објави