Search

Хрватска како ко-организатор не ја избра Македонија да игра во една од четирите групи на завршницата од СП-2025

Македонската ракометната репрезентација ќе ја чека ждрепка за составот на групите на Светското првенство 2025 и земјата каде ќе ги игра натпреаврите, бидејќи организаторите на завршниот турнир Норвешка, Данска и Хрватска не ја избраа при распределбата на групите на кои ќе бидат домаќини. Македонија и бројните свои поддржувачи се надеваа дека Хрватите ќе ги поскака како гости „црвено-жолтите“ во една од четирите групи што ќе се играат во оваа земја ко-организатор на завршницата. Хрватска се определи да игра во групата Х, во Загреб, каде што ќе игра и Словенија, во групата Г. Австрија доби место во групата Ц, во Пореч, додека Унгарците се сместени во групата во Вараждин. Данците се во групата Б, со Германија, а Норвежаните во Осло, ја посакаа Шведска. Македонија ќе ја чека ждрепка и шансите да игра во најблиската и најпосакуваната дестинација, Хрватска, се 50:50. Македонските ракометари извлекувањето го чекаат од третиот барабан и не ќе може да играат против Полска, Катар, Бразил, Аргентина, Куба, Јапонија и Алжир со кои се во истата рејтинг група. Ждрепката за составот на групите за СП 2025-та ќе се одржи на 29 мај во Загреб (во 19.30 часот).

Треба да знаете
Последни објави