Search

Најмалку 14 лица загинаа во пожар во станбена зграда во Ханој

Во пожар во мала станбена зграда во Ханој, Виетнам рано утринава загинаа најмалку 14 лица, а најмалку тројца се повредени, соопштија локалните власти.

Пожарот избувнал нешто по полноќ во петкатница во која се наоѓале станови за изнајмување и продавница за електрични велосипеди, а еден час подоцна бил ставен под контрола, јавува агенцијата ВНА.

Пожарникарите успеале да спасат седум лица, соопшти Министерството за јавна безбедност.

Според првите резултати од истрагата, причина за пожарот бил краток спој на електричните велосипеди.

Треба да знаете
Последни објави