Search

Кина: Маж уби осум лица во напад со нож

Осум лица се убиени, а едно лице е повредено во напад со нож во централната кинеска провинција Хубеи, соопштија денеска властите.

Напаѓачот, 53-годишен маж за кој се вели дека боледува од ментална болест, смртно избодел осум лица и ранил уште едно лице во четвртокот наутро во градот Ксиаоган, објави новинската агенција Ксинхуа.

Повредениот нема повреди опасни по живот.

Полицијата го приведе осомничениот, а истрагата е во тек, наведува кинеската агенција.

Масовниот насилен криминал е релативно редок во Кина, која строго им забранува на граѓаните да поседуваат огнено оружје, но во последниве години имаше серија на напади со нож.

Во понеделникот, жена со нож уби две лица, а повреди уште четири во основно училиште во централната провинција Џиангкси.

Исто така овој месец, две лица беа убиени, а 21 ранет во напад со нож на маж во болница во југозападната кинеска провинција Јунан.

Треба да знаете
Последни објави