Search

Грузија нема да тргува со својот суверенитет и никакви санкции нема да ја пишманат

Грузија нема да тргува со својот суверенитет и никакви санкции нема да ги принудат властите да работат против својата земја, соопшти денеска владејачката партија Грузиски сон – Демократска Грузија. Извршниот секретар на партијата и шеф на пратеничката група, Мамука Мдинарадзе, изјави дека изјавата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен за воведување санкции за грузиските политичари, вклучително и пратениците кои гласаа за законот за странски агенти, изгледа „комично“, пренесува порталот на грузиската телевизија 1tv.ge. „Независноста на земјата нема да се продава за никакви визи. Грузијците жртвуваа животи. Се чини дека не нè познаваат“, наведува Мдинарадзе. Порталот потсетува дека претходно американскиот државен секретар Антони Блинкен најави нова политика за ограничување на визниот режим за Грузија која ќе се однесува на поединци кои се одговорни или соучесници во „поткопување на демократијата“ во Грузија, како и на членовите на нивните семејства.

Треба да знаете
Последни објави