Search

Нови кинески маневри околу Тајван, Тајпеј ги осуди провокациите

Тајван денеска ги осуди новите воени маневри на Кина околу островот, неколку дена по инаугурацијата на тајванскиот претседател Лаи Чинг-те.

Портпаролката на тајванскиот претседател рече дека Тајпеј, кој е „соочен со надворешни предизвици и закани, ќе продолжи да ја брани демократијата“.

Таа ги оцени кинеските маневри како „провокативно воено однесување“.

„Кина се впушта во еднострано и провокативно воено однесување што ја загрозува демократијата и слободата на Тајван, како и регионалниот мир и стабилност“, додаде портпаролката.

Кина денеска започна големи воени маневри околу Тајван како „строга казна за сепаратистичките дејствија на Силите за независност на Тајван и строго предупредување против мешање и провокации на странски сили“, изјави портпаролот на Источната команда на кинеската војска.

Треба да знаете
Последни објави