Search

Најмалку пет лица загинаа а десетици се повредени во торнадо во Ајова: прогласена вонредна состојба

Пет лица загинаа, а околу 20 се повредени што го погоди градот Гринфилд во американската сојузна држава Ајова.

Одделот за јавна безбедност во Гринфилд, град со околу 2.000 жители, соопшти дека бројот на повредени лица е дури и поголем од моментално познатото, пренесува АП.

Националната метеоролошка служба го оцени торнадото на EF-3, што значи дека брзината на ветерот била помеѓу 145 и 160 милји на час.

Спасувачките екипи ја продолжуваат потрагата по преживеани.

Меѓу оштетените згради во Гринфилд беше и болница, што дополнително ги принуди властите да изградат импровизирана болница во шумиште или да ги испратат повредените во медицински центри на други места.

Гувернерот на Ајова, Ким Рејнолдс, прогласи вонредна состојба од природна катастрофа во 15 окрузи.

Треба да знаете
Последни објави