Search

Зголемено полициско присуство во Сребреница

Пред полициската станица во Сребреница има десетина полициски комбиња и еден транспортер, во четврток на 23 мај. Во градот е предвидено да се одржи седницата на Владата на Република Српска, а пред седницата општинското раководство ќе оствари средба со владината делегација.

Седницата е закажана на денот кога Генералното собрание на ОН расправа за Резолуцијата за Сребреница.

На влезот во Сребреница има билборд на кој пишува „Ние не сме геноцидна нација“.

Резолуцијата, со која се предлага 11 јули да биде прогласен за Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница и го осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници, беше поддржана од триесет земји, пренесува РСЕ.

Официјални предлагачи на резолуцијата за Сребреница се Германија и Руанда.

Во 2007 година, Меѓународниот суд на правдата во Хаг го окарактеризира злосторството во Сребреница како геноцид.

Радован Караџиќ, првиот претседател на Босна и Херцеговина на ентитетот Република Српска, беше законски осуден во Хаг на доживотна казна затвор за геноцидот во Сребреница, како и за злосторства против човештвото и кршење на законите и обичаите на војната во другите делови на Босна и Херцеговина.

Во истиот суд за геноцид на доживотен затвор е осуден и главниот командант на ВРС, Ратко Младиќ.

Треба да знаете
Последни објави