Search

Кејт Бланшет на црвениот тепих во Кан во боите на палестинското знаме

Австралиската актерка Кејт Бланшет се појави на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, присуствувајќи на премиерата на „The Apprentice“.

Вниманието на присутните го привлече нејзиниот фустан во боите на знамето на палестинската држава, со кој сакаше да изрази солидарност со страдањата на палестинскиот народ.

Фустанот во тробојка имаше црн преден дел, бел грб, а внатре ѕиркаше зелено. Кога Бланшет зачекори пред објективите на фотографите, таа го крена задниот дел од фустанот за да ја покаже својата порака.

Треба да знаете
Последни објави