Search

Излезeноста до 9 часот изнесува 7,22%

До 9 часот, одзивот на гласање на седумте избирачки места на кои се прегласува денеска (22 мај) изнесува 7, 22 проценти, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Од вкупно запишани 4 514 гласачи на избирачките места, гласале 326 односно 7.22%. Во споредба со гласањето на 8 мај 2024, до 9 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 4.07% на овие избирачки места.

Сите избирачки места биле отворени навреме и засега се одвиваат без проблеми, информираат од ДИК.

Изборна битка во петка и шестка за две пратенички места

Најголема излезност има на избирачкото место во Крушево каде гласале 57 гласачи односно 12,15 проценти, а најмала е излезноста во Долнени на избирачкото место 1470/1 каде што до 9 часот гласале 14 гласачи односно 2,22 проценти.

Денеска се прегласува за парламентарните избори во седум избирачки места во Желино, Крушево, Охрид, Струга и Долнени

Треба да знаете
Последни објави