Search

Излезноста на седумте избирачки места каде што се прегласуваше за парламентарните избори е 55,10 отсто

Во 19 часот се затворија седумте избирачки места во изборните единици 5 и 6 каде што денеска се прегласуваше за парламентарните избори. Според последните ажурирани податоци на Државната изборна комисија (ДИК), излезеноста на седумте избирачки места до 18:30 часот е 55,10 проценти. Од вкупно 4.514 запишани гласачи во седумте избирачки места, до 18:30 часот гласале 2.487 избирачи. Во петтата изборна единица, каде што се гласа на шест избирачки места, излезеноста до 18:30 часот е 55,13 проценти, а во изборната единица 6, каде има прегласување на едно избирачко место, излезеноста е 54,98 отсто. Најголема излезеност има на избирачкото место 1.194 во Крушево (69,30 отсто). На избирачкото место 1.844 во Струга излезеноста до 18:30 часот е 62,68 отсто. Следи избирачкото место 1.470 во Долнени со излезеност од 55,47 отсто. На едиственото избирачко место во изборната единица 6 во Желино има излезеност од 54,98 проценти. Следни се избирачкото место 1470/1 во Долнени со излезеност од 51,27 отсто и избирачкото место 1272 во Охрид со излезенсот од 50,07 отсто. Најмала излезеност има на избирачкото место 1202 во Крушево односно 33,22 отсто.

Треба да знаете
Последни објави