Search

Договорите со еден потпис за времено ангажираните лица на Токсикологија се неважечки

Договорите што ги добија времено ангажираните лица на Клиниката за Токсикологија, а на кои има потпис само од организациската директорка Бесија Иљази се ништовни и спротивни на законот каде што е децидно наведено дека сите правни акти мора да бидат потпишани од медицинскиот и организацискиот директор, изјави Рената Младеновска, директорка на државниот санитарен и здравствен испекторат. Укажувањето на Младеновска доаѓа по денешната нова инспекциска контрола која надлежните од ДСЗИ ја направија на Токсикологија. Согласно законските одредби надлежноста за одлуки за вработувања, отказни решенија и јавни набавки е заедничка, односно неопхдна е согласоност на двајцата директори. -Доколку овие акти се потпишани само од еден директор, согласно закон за здравствена заштита се сметаат за непотпишани, изјави Младеновска. Иинспекторите од ДСЗИ и претходно донесоа решенија дека 18 лица не треба да се во просториите на Клиниката, бидејќи договорите им се истечени на 31 јануари 2023 година, а според нивниот увид, тие бесправно работеле со пациенти и давале здравствени услуги, иако немале договори за ангажман, но и соодветно образование.

Треба да знаете
Последни објави