Search

Вучиќ ја повика Грција да се воздржи за време на гласањето за резолуцијата за геноцид во Сребреница

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја повика Грција да се воздржи за време на гласањето за резолуцијата за геноцид во Сребреница во Генералното собрание на Обединетите нации, јави дописникот на МИА од Белград.

-Се појави веста како да е сигурно дека Грција ќе гласа за резолуцијата. Јас не верувам во тоа, верувам во нашите грчки пријатели и во нашите браќа Грци и во многу други дека со својот глас ќе покажат колку ги почитуваат нивните српски пријатели и ги повикувам да бидат воздржани, бидејќи знам дека не можат да бидат против тоа, кажа Вучиќ во видеото објавено на неговиот Инстаграм профил.

Вучиќ додаде и дека е свесен оти многу српски пријатели се „под голем притисок“.

Ги повикувам сите наши пријатели ширум светот уште еднаш да го кренат својот глас во одбрана на слободољубивите мали народи кои немаат поголема заштита од Генералното собрание на ОН, рече Вучиќ.

Тој претходно изјави дека верува оти Кина ќе гласа против резолуцијата за Сребреница во ОН.

Утре Генералното собрание на ОН треба да гласа за предложената резолуција за геноцид во Сребреница. 

Треба да знаете
Последни објави