Search

Вучиќ: Вистината не е еднострана, а резолуцијата на жртвите ќе им стави белег на челото

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на панел дискусија во седиштето на ОН во Њујорк, на која говореа жртвите и сведоците на војната во БиХ, изјави дека сведочат за она што се случило пред 30 години и дека вистината не е еднострана, а со усвојување на предлог-резолуцијата за Сребреница да им се стави белег на чело како да се дел од геноцидниот народ. Вучиќ ги повика сите членки на Генералното собрание на ОН да не ја усвојуваат нацрт-резолуцијата за Сребреница. „Длабоко сум трогнат од сведочењата на сите Срби кои дојдоа овде да сведочат низ што поминале пред 30 години“, рече Вучиќ на трибината на тема „Ние зборуваме затоа што не можат – гласови што треба да се слушнат“, организирана од Стална Мисијата на Србија во ОН. Тој нагласи дека вистината никогаш не е еднострана и дека жртвите тоа го потврдиле во пресрет на евентуалното усвојување на нацрт-резолуцијата за геноцидот во Сребреница.

Треба да знаете
Последни објави