Претседателката Давкова избегна да каже од која држава доаѓа

Без да го спомене уставното име, денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на одбележувањето на патрониот празник на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Македонска држава, асномска Македонија беа термините што Давкова ги употребуваше кога требаше да ја спомене нашата држава, а како и при заклетвата воопшто не кажа Република Македонија или Република Северна Македонија.

„Образованието беше, е и мора да остане врвен приоритет на македонската држава“, рече меѓудругото Давкова во своето обраќање.

Откако при свечената заклетва избегна да го каже уставното име, Давкова предизвика бурни реакции во Атина, но и во Брисел имајќи предвид дека почитувањето на Договорот од Преспа е еден од клучните моменти во евроинтеграциите.

Во таа насока се и коментарите на грчкиот премиер Мицотакис кој предупредува на строго почитување на Договорот од Преспа и напоменува дека ќе следуваат нови блокади на европскиот пат на Македонија ако Договорот се прекршува.

Но, очигледно дека тоа не стигнува до Давкова, па останува да видиме дали нејзиното избегнување на користењето на уставното име е смислена стратегија и дали и какви последици тоа може да донесе врз евроинтегративниот процес на Македонија.

Треба да знаете
Последни објави