Покрената истрага поради протекување информации за здравствената состојба на Фицo

Окружното обвинителство во Банска Бистрица покрена кривична истрага за протекување информации за здравствената состојба на словачкиот премиер Роберт Фицo кој
беше ранет во обид за атентат минатата недела.

Обвинителот Марош Жилинка соопшти дека на 17 мај е покрената истрага поради неовластено постапување со лични податоци, пренесува ТАСР.

Вицепремиерот Роберт Калињак денеска на прес-конференција изјави дека сé уште е „невозможно“ да се процени кога Фицо ќе закрепне и дека неговата здравствена состојба сé уште е многу сериозна, пренесува порталот Правда.

Треба да знаете
Последни објави