Search

Г.г. Стефан: Условите кои ни се поставуваат за томос се неприфатливи

Архиепискот охридски и македонски г.г Стефан вели дека се неприфатливи условите што Вселенската патријаршија и ги поставува на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија за да и додели томос за афтокефалност. Прашан кога ќе биде доделен томосот, г.г Стефан за штипската телевизија ТВ Стар одговори – кога ќе се исполни времето. -Тоа не може да се претпостави. Може да биде и утре, а може да биде и задутре. Така што ние да ја чуваме црквата, да ја градиме црквата, да градиме односи и релации со другите помесни православни цркви. Тоа ќе дојде кога ќе се исполни времето како што порачува и апостолот Павле“,вели г.г. Стефан. Што конкретно се бара од македонската црква, тој рече дека и биле поставени неприфатливи услови. -Вселенската патријаршија која не упатуваше на тоа и за кое впрочем се потпишани сите православни цркви во Шамбези дека така треба тоа да се случува не прифати во заедничко сослужување во канонско единство со сите православни цркви. Ако ни даде томос ние ќе го прифатиме, но условите кои ни се поставуваат се неприфатливи за нас – откажување од името македонска православна црква, отстапување на македонската дијаспора и признавање на украинската црква која ја призна Цариград.

Треба да знаете
Последни објави