Search

Чешката полиција уапси 14 лица за криумчарење на 2000 мигранти од Турција

Чешката полиција денеска соопшти дека уапсила и привела 14 лица обвинети за шверц на најмалку 2.000 луѓе во Европа, главно од Турција, од 2021 година.

Четиринаесет лица се соочуваат со казна затвор до 16 години доколку бидат прогласени за виновни, изјави Јарослав Ибехеј, портпарол на единицата за организиран криминал, за веб-страницата на чешката полиција.

Полицијата проценува дека групата со своите активности заработила најмалку два милиони евра, додаде тој.

Групата ги однела мигрантите во Чешка и други земји од Европската унија.

Полицијата запленила околу 40.000 долари во готовина, два автомобили и една куќа, рече Ибехеј.

Треба да знаете
Последни објави