Search

Муслиу: Концептот поразената партија кај Албанците да биде дел од власта, не може да функционира долгорочно

Коментирајќи ги наводите дека победничката партија ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира со коалицијата ВРЕДИ аналитичарот Алберт Муслиу порача дека праведно е во власта дел да биде партијата или коалицијата кои победиле кај албанскиот елекротат

„Кај Албанците има некој страв односно непријатно чувство дека ова што сега се случува да остане како обичај, односно условно речено македонскиот победник на изборите да бира со кого ќе коалицира од албанскиот блок. Сега разликата може и ќе ја намалат, па утре разликата ќе биде уште поголема, но тој концепт нема да функционира, затоа што тој концепт беше пред 2001 година“ порача Муслиу.

Тој смета дека таков концепт во иднина нема да може да функционира.

„Кој било да мисли дека таков концепт со разно разни наративи би бил долгорочно функционален, тој греши, таков концепт нема да се прифати. Ако вака се продолжи уште еден два три циклуси, тогаш ова може да се сфати како исклучување од потребата за политичко организирање на Албанците. Може утре да се случи ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ да кажат еве има и кај нас по пет по шест пратеници Албанци“ порача Муслиу.

Треба да знаете
Последни објави