Search

Меси повторно на списокот на Аргентина

Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Скалони, го објави списокот на играчи за пријателските натпревари против Еквадор и Гватемала, во пресрет на Копа Америка.

На списокот на светски шампиони има 29 играчи, меѓу кои е и Лионел Меси, но го нема Пауло Дибала кој беше дел од тимот што го освои Светското првенство во 2022 година.

Аргентина ќе игра против Еквадор на 9 јуни во Чикаго, додека пет дена подоцна ќе се соочи со Гватемала во Ландовер, Мериленд.

Фудбалерите на Аргентина ќе го започнат натпреварувањето на Копа Америка на 20 јуни против Канада. Во групата А се и Чиле и Перу.

Треба да знаете
Последни објави