Search

За прв пат Љупчо Палевски е спроведен во суд

Љупчо Палевски е спроведен во суд, пред судија на претходна постапка, за прв пат по бегството во Турција во рамки на истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Го спроведуваше полиција со наведната глава во зафатот познат како „полуга“. Новинарите кои беа присутни му поставија неколку прашања: Дали тој ги сторил убиствата, дали ќе се брани со молчење, дали има докази дека не ги сторил тој убиствата на Ѓорчевска и Жежовски.

Тој само одречно одговори на прашањето дали тој ги убил Жежовски и Ѓорчевска и дека за тоа има докази.

Љупчо Палевски е прво осомничен за грабнување и убиство на велешкиот фризер Панче Жежовски и малолетната Вања Ѓорчевска од Скопје.

Треба да знаете
Последни објави