Search

За неколку часа во Аеродром три лица биле искасни од кучиња

Три лица, во посебни случаи, во текот на вчерашниот ден за неколку часа биле искасни од кучиња скитници во територија на Аеродром.

На 20.05.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Аеродром, Н.П.(49) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански” во Скопје, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 20.05.2024 во 14.20 часот во Полициската станица Аеродром, В.К.(60) од Скопје пријавил дека на бул.„Трета македонска бригада” во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 20.05.204 во 16.00 часот во Полициската станица Аеродром, О.С.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Владимир Комаров” во Скопје нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

Треба да знаете
Последни објави