Според написите во повеќе медиуми и информации од ВМРО-ДПМНЕ веќе се познати имињата на министрите од редовите на партијата предводена од Христијан Мицкоски.
Неофицијално, министерски места се резервирани за потпретседателите на партијта и тоа: Александар Николоски – министер за внатрешни работи, Владо Мисајловски – министер за транспорт и врски, Тимчо Муцунски министер за надворешни работи, Гордана Димитиревска Кочовска, министерка за финансии.
Нов министер за одбрана можно е да биде Антонијо Милошоски (иако постои можност за рокада со Муцунски), додека ресорот правда би му припаднал на Панче Тошкоски.
Како што 24инфо.мк и претходно пишуваше, Ѓоко Велковски, Стефан Андоновски и Цветан Трипуновски би останале на досегашните ресори, односно, труд и социјална политика, информатичко општество и администрација и земјоелство.
Ако ветувањата на Мицкоски се исполнат и се воведат и нови министерства, тогаш Министерството за енергетика и рударство би го водела Сања Божиновска, додека министерството за спорт екс ракометниот голман Борко Ристовски.
Според извори во ВРЕДИ, оваа коалиција би добила прв вицепремиер, министри за култура, образование, здравство и локална самоуправа, и по се изгледа и претседател на Собранието.