Search

Јапонците почнаа со продажба на електрична лажица со која храната добива посолен вкус

Јапонскиот производител на пијалоци Кирин холдинг лансира електрифицирана лажица за која научниците тврдат дека промовира поздрава исхрана преку подобрување на вкусови без додавање сол.

Лансирањето на производот во понеделник е првата комерцијализација на технологијата што ја доби минатогодишната Нобелова награда за необична наука.

Кирин ќе продаде само 200 електрични лажици онлајн за цена од околу 117 евра и ограничена количина во јапонска продавница во јуни, но на крајот се надева дека ќе продаде еден милион примероци ширум светот за пет години. Продажбата во странство ќе започне следната година.

Пластичната и металната лажица е развиена во соработка со професорот од Универзитетот Меиџи, Хомеи Мијашита, кој претходно покажа како електричните стапчиња за јадење ги подобруваат вкусовите, во овој случај впечатокот на соленост.

Кирин, компанија која се обидува да влезе во полето на здравјето од продажба на пијалоци, тврди дека оваа технологија е особено важна за Јапонија бидејќи таму возрасен човек во просек консумира 10 грама сол дневно, што е двојно повеќе од препорачаното од Светска здравствена организација.

Прекумерното консумирање сол е поврзано со висок крвен притисок, мозочни удари и други болести. „Јапонија има кујна која ги фаворизира солените вкусови“, вели истражувачот на Кирин, Аи Сато.

Јапонците како целина треба да го намалат внесот на сол, но може да биде тешко да ги напуштиме нашите навики во исхраната. Тоа нè наведе да ја развиеме оваа електрична лажица“, рече таа. Лажичката тежи околу 60 грама и работи на литиумска батерија што се полни.

Треба да знаете
Последни објави