Search

Уапсениот врховен судија е Наке Георгиев за мито од 10 илјада евра

Судијата од Врховниот суд, Наке Георгиев денеска е уапсен за примање мито.

Денеска (20.05.2024) лишен од слобода е судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело  `Примање награда за против законито влијание`.

Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител, соопштиjа од МВР.

Георгиев минатата година се кандидираше за член на Судскиот совет, но си поднесе оставка бидејќи неговиот син беше избран за судија.

Оставката следуваше по неколкудневни кавги во Судски совет дека не е законски тој како член на Судскиот совет да го бира неговиот син за судија.

Наке Георгиев се кандидираше за член на Судскиот совет како единствен кандидат од Врховен суд, а поддржувачите од Советот, му ја запреа постапката за разрешување.

За истата работа за која беше претставката, тројца апелациони судии од Штип беа разрешени, но тој се спаси.

Врховниот судија полицијата го уапсила по пријава дека тргувал со влијание односно побарал мито 10 илјади евра да влијае во предмет.

Треба да знаете
Последни објави