Search

Нигериски крал  роднина на Меган Маркл

Кога принцот Хари, со насмевка на лицето, ги нарече нигериските кралеви свои „законски роднини“, публиката се насмеа.

„Ќе го прескокнам протоколот бидејќи сите веќе сме семејство“, додаде војводата од Сасекс за време на посетата на Нигерија, предизвикувајќи уште поголема смеа. Сепак, можеби тоа не беше толку безопасна шега.

И покрај тоа што британското кралско семејство ги прекина врските со Хари и неговата сопруга Меган Маркл, во Лагос, богатите владетели, носејќи подароци и титули, практично се лицитираа за прифаќање на Меган во нивното кралско семејство.

Местото каде што, како што опиша еден гостин, Меган беше „неформално крунисана“, беше раскошен ресторан на петтиот кат од најновиот бутик хотел во крајбрежниот мегаград.

Во Нигерија, различните региони сè уште имаат свои монарси, само сега со церемонијални улоги, наместо со уставни овластувања, кои ги претставуваат етничките групи што постоеле пред колонизацијата.

Кралското семејство во Нигерија отсекогаш било опкружено со тајни, интриги и контроверзии. Оба Аканби е само уште еден лик во овој комплексен мозаик и истиот е братучед на Меган Маркл.

И покрај неговото минато, Оба Аканби стана познат по своето харизматично лидерство и стана 16-ти Олуво од Иволанд во ноември 2015 година. Неговото владеење беше обележано со различни контроверзии, но и со напори да ја подобри својата заедница и да ја промовира културата меѓу својот народ.

Треба да знаете
Последни објави