На полноќ Судскиот совет ќе одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Судски совет на полноќ ќе одлучува да му го одземе имунитетот на судијата Наќе Георгиев за да може да му биде одредена мерка притвор откако тој денеска беше уапсен од полицијата поради сомневања за примање поткуп.

Врховниот судија Георгиев кратко беше член на Судскиот совет, но лани во јули си поднесе оставка од оваа функкција пред официјално да даде заклетва за да може неговиот син да биде избран за судија во Основниот кривичен суд Скопје, како завршен кандидат на Акдемијата за судии и јавни обвинители.

Треба да знаете
Последни објави