Search

Најавен штрајк на аеродромските работници во Париз

Аеродромските работници во Париз најавија штрајк и итно бараат нов план за вработување и преговори за плата, јавува „Гласот на Европа“.

„Катар њуз“ пренесува дека синдикатите повикуваат на утрешен штрајк со цел да се реши недостигот од кадар, да се договори ревалоризација на платите и униформни бонуси за вработените кои ќе работат за време на Олимписките игри.

Синдикатите CGT, CFDT, FO и Unsa укажуваат дека немаат соодветен персонал за да се справат со зголемениот сообраќај на патници и зголемените барања за квалитет на услугите.

Тие бараат бонус за сите вработени во АДП кои ќе работат од 8 јули до 15 септември за време на Олимписките и Параолимписките игри.

Штрајкот се совпаѓа со генералното собрание на АДП, кое ќе одлучува за необновување на мандатот на извршниот директор Аугустин де Романо.

Синдикатите ги критикуваат акционерите, вклучително и француската држава, дека им даваат приоритет на дивидендите пред благосостојбата на вработените и иднината на АДП.

Треба да знаете
Последни објави